Категории

Зошто зеленото овошје и зеленчук е толку важно за нашето здравје?

Ако сте одлучиле да обрнете внимание на исхраната и во неа да додадете повеќе зелено овошје и зеленчук – имаме неколку совети.

Знаеме дека некои луѓе не се особени љубители на „зеленилата“ во зеленчукот и затоа овие трикови можат да ви помогнат.

Тие ја даваат неопходната доза на витамини, минерали и други хранливи состојки на организмот. Исто така се одличен извор на антиоксиданси и наједноставен начин во зимскиот период да се заштитите сеебси од настин и вируси. Тие делуваат ефикасно врз намалувањето на наслагите сало во пределот на стомакот како и на оптималната работа на цревата.

Како да почнете да внесувате повеќе „зелена енергија“ во организмот?


Пијте „зелено“
Најлесниот начин во организмот да внесете зелено овошје и зеленчук е да го конзумирате во вид на смуди. Зелените смудија можат да се направат доста едноставно а на располагање има многу комбинации од состојки и вкусови.
Основата на зеленото смуди може да биде спанаќ, блитва, зелена салата, кељ, рукола, целер, магдонос или брокула. Потоа со цел смудито да стане повкусно не пропуштајте да додадете банана или по желба некое вкусно овошје – зелено јаболко, грозје, круши, праски, шумско овошје.

Со цел смесате да биде потешна неопходно е да додадете и некоја течност – кокосова вода или млеко, растително млеко, бадемово млеко или зелен чај. Исто така може и сок од лимон. Ако сакате да го збогатите вашето смуди додадете семки од лен, чиа, гоџи бобинки, цимет, ванила прав или какао.

Додадете зеленчук во вашите оброци
Секое јадење е недвосмислено повкусно и поздраво кога е збогатено со зеленчук. Ако не сте преголем љубител на зеленчук кога го јадете посебно, обидете се да го додадете во своите оброци.
Можете да и подготвите однапред исецкани оброци и да ги чувате во фрижидер во засебна чинија или во замрзнувач со цел да ви бидат на дофат на раката секогаш кога подготвувате чорби и печење.

Зелено овошје и зеленчук наместо грицки
Нема поголем непријател на совршениот обем на струкот од нездравите грицки кои не демнат од секој агол.
Ако создадете навика во својата порција грицки да практикувате зелено овошје или зеленчук, никогаш нема да чувствувате грижа на совест што во вашиот органиам сте внеле непотребна количина на масти, сол и шеќер.
Парчиња краставици, јаболко или круши се идеална замена за грицките.