Категории

Зошто родените на 29 февруари се посебни луѓе?

Неофицијално во светот има околу четири милиони луѓе, родени во последниот ден од февруари во престапна година, односно 0,0686% од населението на Земјата. Обично тие го слават својот роденден или претходниот ден, на 28 февруари, или на 1 март.

Научниците пресметале дека шансите да се родиш на престапна година се приближно 1 на 1.500. Многумина веруваат дека родените во престапна година се избрани, среќни и многу поразлични од останатите.

Обично се вели дека тие носат силна интуиција, имаат остар талент и способности. Често се слушаат и обратни предвидувања – дека родените на овој датум се осудени на лоша среќа. Често многу родители сакаат да го запишат како датумот на раѓање на детето од претходниот или следниот ден.

Познати личности родени на 29 февруари се: Мел Гибсон, Сандра Булок, Кристина Агилера, Скарлет Јохансон, композиторот Џоакино Росини, актерот Џејмс Мичел, бугарскиот актер Христо Чешмеџиев.

На многу места во светот, а и кај нас, според традицијата, на овој ден и таа година која е престапна не се склучуваат бракови, не се купува имот, не се гради куќа…

Но да си роден на 29 февруари е особен благослов предвидуваат и нумеролозите, затоа што тоа е единствениот ден во годината, кој е надвор од времето и просторот, карактеристичен, постои на секоја четврта година, посебен се амо за избраници.

Родените на овој датум секогаш се одликуваат со невообичаено висока склоност кон креативност и уметноста. Од нив стануваат идеални актери, писатели, музичари. Овие личности имаат креативна акција, енергија и силно развиено шесто сетило.

Според нумерологија енергијата на 29-ти е 11. Оваа бројка е апотеоза на инспирацијата, алтернативниот поглед на се што не опколува.

Прегледи:
820
Категории:
Занимливости
Објавено на:
04.01.2016