Изминатата година со авион патувале 3,8 милијарди луѓе. Статистички тоа значи дека секој втор човек патувал некаде во претходната година. Одвреме навреме, сите ние се чувствуваме како да сме заглавени предолго на едно место и дека на нашиот живот му недостига авантура. Понекогаш едноставно сè што ни е потребно е да отпатуваме и да почнеме да ги истражуваме чудесните атракции кои ни ги нуди светот.
View this post on Instagram
Патувањето е авантура која со себе носи непредвидени ситуации. Токму затоа, погрижете се да си овозможите безбедно патување и не оставајте ништо на случајноста. Со полисата на Сава осигурување одите безгрижно на пат, бидејќи добивате пред сѐ асистенција, а потоа и подмирување на трошоците во случаи кога е неопходна медицинска помош, ситуации со последици од несреќен случај-незгода, при губење/кражба на багаж и патни документи.
View this post on Instagram
Кога станува збор за одмор или патување, сите веднаш помислуваме на престижните и добро познатите дестинации како Париз, Лондон, Рим… Но, овој пат нема да зборуваме за нив. Постојат безброј други дестинации, помалку познати, но подеднакво добри за совршен одмор. Ова се некои од најдобрите во Европа!
#Ѓореме, Турција
Град кој лежи во необични вулкански карпи кои се обликувани од ерозијата. Најдобар начин да го запознаете е на авантуристички начин, преку едно од кратките патувања со балон.
#Торуњ, Полска
На околу 180 км северозападно од Варшава, на реката Висла, се наоѓа градот познат по својот неверојатен готички стил. Исто така, уште една одлична информација е дека најпознатиот жител на Торуњ е прочуениот астроном од 15. век – Никола Коперник.
#Манарола, Италија
Најстарата и втората најмала населба во склоп на Cinque Terre (превод „пет земји“). Доколку сакате мир и тишина, ова е секако, одлично место за вас.
#Икариа, Грција
Веројатно постои нешто во водата на грчките острови и мали градови, каде што жителите во просек живеат околу 100 години. Овој остров го добил називот според легендата за Икар. Доколку сакате да го почувствувате вистинскиот дух на ова место, ве советуваме да го посетите во летниот период кога има многу фестивали и празници.
#Халштад, Австрија
Станува збор за село во Австрија, со околу 1000 жители. Познато е како „бисерот на Австрија“. Покрај тоа што преовладува мир, тишина и неверојатна природа, ова место е опкружено со рудници со сол, по кои го добило и името.
#Олесунд, Норвешка
Oвој град поседува аквариум (Atlantic Sea Park) кој се смета за најголем во северна Европа. Покрај тоа, ова е одлично место за посета во текот на студените денови за набљудување на поларната светлина.
#Котор, Црна Гора
На сите нас ни е позната населбата на брегот на Бокакоторскиот залив. Со својата историја и убавина, стана многу барана дестинација посетена од многубројни туристи. Ако патувате со автомобил, кон патничкото може да додадете и Автомобилска асистенција 24/7 – деноноќна поддршка и организација на помош при опасности за моторни возила, во земјата или странство.
#Пиран, Словенија
Калдрми и готски улици ќе забележите насекаде околу овој историски град во Словенија. Овој мал град се наоѓа на самиот брег, преполн е со продавници, цркви и палати.
#Ровињ, Хрватска
Во подрачјето со медитеранска клима, се наоѓа преубавиот град Ровињ. Сместен на западниот брег на Истра, овој град со својата историја и шарм привлекува туристи од целиот свет.
#Порто, Португалија
Иако втор по големина и важност, овој град честопати е во сенка на Лисабон. Интересната култура и уште поинтересните згради, ќе ве натераат да посакате да го посетите повторно. Посетете го Mercado do Bolhão, најголемиот пазар или познатите вински визби, железниот мост Луиш I, градската катедрала или црква Клерижос изградена во 17. век во барок стил.
View this post on Instagram
Патничкото осигурување може да биде склучено за минимум три дена и за максимален рок од една година со посебни поволности при семејно, студентско, групно и бизнис патување. Брзо, едноставно, сигурно – купете патничко онлајн тука.