Категории

10 стереотипи за жените

FwomenH1009-30a5a2f4-3a32-4dd1-abf6-8bb110806203

Жените се од Венера, а мажите од Марс. Ова сигурно сте го слушнале многупати досега. И дека жените се понежниот , а мажите посилниот пол. Би било и смешно да е обратно. Но, многу често се прават разлики меѓу нив, едни го нарекуваат тоа дискриминација, а другиве феминизам. Едно или друго, за жените често ќе слушнете дека не се добри возачи, дека не знаат да управуваат со финансии и слични категоризации. Но, ако мажот е глава на семејството, нормално е жената да е вратот.

Во модерниот свет се повеќе жени влегуваат во светот на бизнисот и таму се соочуваат со “силните” мажи. Не е лесно да си жена, но уште потешко е да си жена –бизнисмен. Ова се најголемите стереотипи и невистини за жените :

1. Кога ќе си најдете маж, веднаш ќе завршите со бизнисот. Ќе се омажите, ќе родите деца, ќе перете, готвите, чистите – ќе почнете да живеете нормален животи ќе заборавите на  работата. Или..

2.Поради работата никогаш нема да сакате да се мажите, а дете за вас е пречка на патот кон успешна кариера.

3.Од самиот почеток беше јасно дека ова нема да успее – затоа што со него раководи жена. Миле исто така не е којзнае што, но тој барем ја има онаа работа, односно  па тој е маж!

4.На жена не треба да и се доверува работа со финансии – жените воопшто не се добри со парите.

5.Таа ја планира работата на фирмата во зависност од расположението и фазите на Сонцето и Месечината.

6.Оваа жена има пет деца, може ли таа да управува со фирма? Таа ќе ја претвори канцеларијата во детска градинка.

7.Таа ги отпушта сите соработнички кои се помлади и изгледаат подобро од неа.

8.Жена, која се занимава со бизнис, веќе не е жена – тоа е маж, облечен во здолниште.

9.На оваа жена, сопругот и подарил бизнис за роденден, бидејќи и здосадил шопингот.

10.Таа има успешен бизнис, значи дефинитивно нешто не е во ред со нејзиниот приватен живот. Осамена и исфрустрирана.

И уште многу, многу стереотипи и невистини, обвинувања и потсмевања додека светот се тресе пред нозете на жените.

Добро, можеби реден број 7… понекогаш ;)

image-377634-mmo_panoV9-aigu-377634