Категории

10 вистини кои упорно ги забораваме: Запомнете ги и променете го животот!

За да ја научиме лекцијата конечно, понекогаш е неопходно да ја повториме 100 пати. Ова се всушност тие животни лекции за кои сме чуле и претходно сме рекле во себе: „Ќе го запомнам ова“, но повторно забораваме и ги повторуваме истите грешки.

1. Животот е краток!

Животот е краток за да го живеете со погрешни луѓе, по наметнати правила, да го потрошите на неважни нешта и грижи…

2. Ќе живееш само еднаш и тоа онаков живот каков што сам ќе создадеш! 

Никој наместо тебе не може да го среди твојот живот. Тоа е само твоја обврска!

3. Да се биде постојано зафатен и во гужва, не значи дека си постојано продуктивен!

Организирај се! Планирај! Добриот план е половина од решението на проблемот.

4. Пред успехот секогаш доаѓа неуспех!

По секој неуспех најважно е да станеш. Животот е составен од издигнувања и падови!

5. Да размислуваш за нешто и да го направиш – тоа се две сосема различни нешта!

Направи го тоа сега! Утре ќе биде доцна! Едноставно, животот се случува во секунда и многу бргу поминува.

6. За да ви простат, мора да се извините!

Ако ви се важни одредени луѓе, заборавете на гордоста и речете „Извини“! Тоа им помогнало на многумина.

7. Некои луѓе едноставно не ви одговараат!

Не трудете се да промените некои луѓе. Или прифатете ги или прифатете го фактот дека никогаш нема да можете да ги прифатите.

8. Сакајте се себеси! Тоа е ваша должност, а не на луѓето околу вас!

Најважно е да се сакате себеси. Како може да очекувате другите да ве сакаат ако не се сакате себеси.

9. Парите не ве дефинираат!

Материјалните работи се само предмети. Не дозволувајте да ве одредува она што носите и што возите.

10. Целиот свет се менува од секунда во секунда. Движете се и вие, не сте дрво! 

Работете на себе секој ден. Преку учењето ќе ги следите и промените и ќе го развивате својот ум.

Прегледи:
793
Објавено на:
04.04.2019