Старицата после неколку недели е отпуштена од болница со негативен резултат на Covid-19.
Бабичката Анџелина се смета за медицинско чудо, имајќи во предвид колку болести успеала да победи во текот на својот живот.
„Мојата мајка очигледно е отпорна на се, таа е супержена“ – изјави ќерката на Анџелина, Џоен Мерола.
Нејзината мајка имала долг и тежок живот. Анџелина се родила во 1918 година на мигрантски брод кој превезувал италијанци во САД за време на шпанската грозница. Мајка и по пораѓањето починала, а за неа се грижеле двете постари сестри.
Покрај преживеаните од шпанскиот гриб кој однел околу 50 милиони човечки животи, таа успеала да преживее и рак од кој тешко боледувала, сепса и сега коронавирус.
Се заразила во старскиот дом во Њујорк во кој живее веќе со години, а сите работници имаат само пофални зборови за баба Анџелина.
„Таа е главен забавувач во домот и веруваме дека Анџелина ќе биде уште долго со нас“ – изјавуваат негователите.
Ова бабичка стана вистинска ѕвезда на социјалните мрежи откако во центарот за рехабилитација каде се опоравувала, споделија фотографија после болеста како поттик за останатите.
God Bless Angelina Friedman! pic.twitter.com/Jj14PMv5p7
— Pancho Friel (@PanchoFrielSr) April 29, 2020