Категории

12 најубави цркви во Франција

Историјата на Франција се протега низ илјадници години, од тие причини ја има една од најубавите архитектури. Многу стари градби од различни периоди сведочат за историјата и остануваат како потсетник за богатата култура на оваа држава.

Во Франција има многу религиозна архитектура, има голем број на цркви, некои од нив се стари стотици години, во готска архитектура, а некои се нови и модерни.

Катедралата Бурж

Оваа Романо Католичка црква е изградена во 13-иот век во Бурж. Еден од најубавите верски симболи во Франција, оваа катедрала е исшарана со сложени резби и симболи, има неверојатни стаклени витражи каде се раскажани приказни од Стариот и Новиот Завет.

Cathdrale de Bourges

Катедралата Шартр

Во 1194 година започнала градбата на катедралата Шартр, таа е една од најубавите во Франција. Изградена во готски стил, а колоритните стакла на прозорите се одлично зачувани. Покрај убавината на катедралата однадвор, ве очекува и многу убава глетка одвнатре, вистински уметнички дела ја красат целата катедрала.

chartres_cathedral

Монолитната црква Сен-Жан

Градчето Aubeterre-sur-Dronne е мало и живописно, а што е уникатно за него е оваа подземна црква, изградена целосно од варовник. Изградена е во 7-миот век, а проширена во 12-иот, во неа има базени за крштевање и ковези. Не изгледа како традиционална француска црква, но е ова е уникатен примерок кој вреди да се стави на листата на најубави цркви.

monolithic_church_of_saint_jean

 Манастирот Мон Сен Мишел

Убавината на овој манастир е неговата локација. Изграден е на островче недалеку од Нормандискиот брег. Изграден е во 15ти век и бил дом на бенедиктинските монаси. Сега во овој предел се води мирен живот, има тивки кафеа, ресторани, продавници и музеи, сите посветени на историјата и културата на островот.

Mont saint Michel lors de grandes mares, Normandie

Пресвета Богородиза Заштитничка 

Сместена во приморскиот град Марсеј, ова е катедрала во чест на морнарите. Изградена е во 19-иот век на основите на остатоци од античка тврдина. Изградена е во византиски преродбенички стил.

notre_dame_de_la_garde

Богородична црква во Париз

Бисерот на Француската рхитектура, најпознатата црква Богородичната црква во Париз е изградена во средината на 12-иот век.

notre_dame_de_paris

Ремската Катедрала

Пред 800 години започнала изградбата на катедрамата во Ремс. Таа е убав претставник на готската архитектура и често во историјата била место за крунисување на кралевите.

Cathédrale de Reims

Руенската Катедрала

Руен е познат како град со многу цркви, но најубавата е оваа катедрала. Највисока е во Франција, а има дури 56 ѕвона.

Aerial view of Rouen (Normandy, France) at dusk.

Sacre-Coeur

Лоцирана во Монмартр, добро позната Париска катедрала плени со нејзината импозантност. Изградена е во романо-византиски стил и е неверојатно слична на познатата катедралата Света Софија во Истанбул.

sacre_coeur

Свети Михаил од Агуила 

Изградена на карпа, во 10-иот век во Агуила, оваа црква е импресивна кога ја гледате од страна, но и вистински предизвик е да стигнете до неа. Треба да искачите 268 стрмни скалила, а горе ве очекува светите тули и камен кој раскажува за некои други векови.

Puy en Velay - le rocher d'Aiguilhe

Стразбуршката Катедрала

Ја нарекуваат и розевата катедрала по препознатливиот розевкаст тон кој го има заради пасочниот камен од кој е изградена. Изградена во романескен и готски стил, а во неа сеуште се одржуваат Католички служби.

Cathedral of Our Lady of Strasbourg, Alsace, France

Катедралата Амиенс

Лоцирана во градот Амиенс, на само два часа од Реимс, оваа готска катедрала е изградена во 13тиот век. Неверојатна структура, висока со многу детали.

The cathedral of Amiens - UNESCO World Heritage Site