Категории

14 работи за кои никогаш не треба да се извинувате

Иако понекогаш чувствувате дека треба да му се извините на некого, ова се ситуации во кои не треба да се чувствувате виновни:

  1. За ризикот ако одлучите да тргнете по поинаков пат од оној што другите ви го кажуваат. 
  2.  За одлука да се оддалечите од луѓе кои лошо се однесуваат кон вас или негативно ви влијаат.

    3. За тоа што се сакате себеси.

    4. Затоа што не сте грижливи кон оние што ве бараат само кога им требате.

    5. За одлуката да го направите она што ве радува, што и да е, иако другите мислат дека не е за вас.

    6. Затоа што сте едноставни во светот што прави се да биде комплицирано.

    7. Што сте мирни во светот на стрес, хаос и грижа и не кревате паника како останатите.

    8. Што (внимателно и со љубов) ја кажувате вистината, иако со тоа загрозувате нечие его или што луѓето ќе бидат навредени од вашата искреност.

    9. За грешки од кои сте научиле нешто и не би ги повториле.

    10. Што се забавувате и уживате, иако сите околу вас се сериозни, затоа што не сакате да пропуштите момент за славење.

    11. За отвореното срце, иако ризикувате другите да ви наштетат.

    12. Затоа што кон вашето тело се однесувате како да е свето, иако другите спрема своите се однесуваат како да се безвредни.

    13. Затоа што не се откажувате од вашите соништа дури и кога другите ќе ви кажат дека нема смисла.

    14. Што сте промениле? Никогаш не се извинувајте за нов начин на размислување. Животот е моќна река и само промената овозможува напредок.

Прегледи:
516
Објавено на:
04.09.2019