Категории

Тимот за спасување на планина при Црвен крст на необичен начин ги изненади најмладите!

Во духот на новогодишните празници, тимот за спасување на планина при Црвен крст на град Скопје и волонтерите на Црвен крст Центар им го разубавија секојдневието на децата на Клиниката за детски болести и Клиниката за Онкологија при Клиничкиот центар Мајка Тереза – Скопје, организирајќи показна вежба.

Имено, членови од Тимот маскирани во Дедо Мразовци, се спуштаа по јаже и им делеа подароци на децата хоспитализирани во двете клиники.


Вежбата која се реализираше во соработка со Општина Центар и Бугарската амбасада во РМ, треба да биде пример за креативност и хуманост и да не потсети дека секој од нас може да даде придонес и да биде причина за најискрените детски насмевки!