Категории

Дали имате грип или обична настинка? Лесно се препознава!

Зимата е препознатлива по зачестеноста на вирусните респираторни инфекции. Во сезоната на грип често популацијата обичната настинка ја именува како грип, што е многу погрешно. Грипот е вирусна респираторна инфекција предизвикана од вирусот на influenca, додека „обичните“ вирусни респираторни инфекции се предизвикани од аденовируси, респираторен синцициелен вирус итн.

Иако овие инфекции имаат многу сличности, сепак има разлики според кои може да се препознаат.

Кога имаме настинка чувствуваме омалаксаност, болка во коските и зглобовите, може да се јави течење на носот, солзење, кивавица, затнат нос. Температурата се покачува кога веќе е актуелен некој од овие симптоми, односно покачената температура ја очекуваме малку подоцна.

Грипот пак, започнува со висока температура. Тоа е првиот симптом кој ни навестува дека има некаков процес. Човекот од здрав легнува во постела. По неколку денови од покачувањето на температурата се јавуваат катаралните симптоми – односно течењето на нос, солзењето итн.

Без разлика на причинителот лекувањето е исто – течности, мирување, витамини и антибиотици при повисока температура од 38.5 C.

Прегледи:
923
Објавено на:
15.02.2019