Категории

Здрав напиток против пролетниот замор

Брзо заморување, намалена концентрација, зевање и константна потреба за спиење се симптоми кои се јавуваат во преодниот период од зима кон пролет, а настануваат како резултат на слабата телесна активност и намалено внесување на витамини.

Најголем извор на енергија е витаминот Ц, кој е присутен во свежото овошје и зеленчук. За да ја надоместите потребата за овој витамин, но и за минералите, ви го предлагаме овој вкусен напиток.

Состојки:

  • 4 поголеми листови од блитва или една рака млад спанаќ
  • 1 изрендан морков средна големина
  • 1 цеден портокал
  • 1 лажичка мед
  • 2 лажички сок од лимон
  • 1/2 лажичка куркума
  • 1/2 средно цвекло
  • малку изрендан ѓумбир (по желба)
  • 2 дл водa

Подготовка:

Ставете ги сите состојки во блендер или соковник, измешајте и уживајте во чаша зздравје. Доколку сакате, наведените состојки можете да ги изматите со две – три коцки лед.

Прегледи:
369
Објавено на:
20.03.2018