Категории

29 грешки кои треба да ги направите пред да наполните 29 години

11.   Спиење до многу доцна. Лекција: Во 20-тите ова е прифатливо и толерантно, така што добро е да се прави тогаш, бидејќи  наскоро ќе сфатите дека спиењето до доцна е трошење на време.
12.  Трошење на сите пари за патувања. Лекција: Секој заштеден и заработен денар го трошите на патување, без да штедите е нешто што треба да го направите – ќе ве натера да се стремите да заработите повеќе за да продолжите да патувате и понатаму.
13.  Паѓање на (финансиска) измама. Лекција: Ако не ве зафркнат еднаш, нема да знаете да се заштитите за понатаму. Подобро е да ви се случи кога сте во 20-ти и немате толку многу пари, отколку подоцна кога може да изгубите сериозни средства.
14.   Прифаќање на ужасна работа. Лекција: Работење на ужасни места, учи дека парите не купуваат среќа и дека особено е важно во иднина да најдете работа што покрај тоа што ќе ви носи средства, ќе сакате да ја работите.
15.   Немање време за седење дома (и гледање серии). Лекција: Забавата може да се најде и дома, но кога сте помлади како да не го перципирате тоа. Кога ќе решите конечно да се приберете дома и да погледнете маратонски некоја квалитетна серија, ќе го сфатите задоволството и забавата во тоа.
16.   Купување на облека која никогаш нема да ја носите. Лекција: Оние непристојни алишта, за среќа, се толерира ако ги носите на помлади години… за подоцна да сфатите дека им поминало времето и не треба никогаш да облечете такво нешто.
17.   Останување без денар на сметка редовно. Лекција: Кога ќе искусите собирање ситни парични последната недела од месецот за храна, ќе сфатите дека никој не треба така неодговорно да живее и ќе почнете паметно да го планирате буџетот кој го имате.
18.   Отпуштање од работа. Лекција: Ако ве отпуштиле, тоа значи дека не сте требало да работите таму. Ова ќе ве научи да барате подобра работа, која ќе сакате да ја задржите.
19.   Трошење пари за нешто што не го сакате. Лекција: Ќе ви биде непријатно да одбиете пријател за вакво нешто во 20-тите, но последиците на трошење за нешто што не ви треба ќе ве научи никогаш да не го правите повторно во иднина.
20.   Одење на состанок на слепо. Лекција:  На состанокот ќе дознаете дека не е толку висок, фин и смешен како што изгледал на интернет – ова ќе ве научи подобро да проценувате и да ги цените состаноците во 30-тите.
21.   Одбивање да ги слушате родителите.  Лекција:  Треба да пораснете за да сфатите дека вашите родители всушност биле во право, а ова признание нема да им го дадете во 20-тите, но затоа до 30-тите ќе бидете свесни и ќе знаете да ги примените советите и нивното животно искуство во вашиот живот.

1 2 3