Категории

29 грешки кои треба да ги направите пред да наполните 29 години

22.   Следење на туѓ сон и план за вас. Лекција:  Луѓето околу вас имаат очекувања и планови, кои можеби ќе ги следите само колку да не ги разочарате. Но наскоро треба да се освестите и да сфатите дека повеќе ќе ви пречи каењето што сте го направиле тоа што сакате, отколку разочарувањето на другите.
23.   Упорно дружење со личност која сте ја „надраснале“. Лекција: Ако се дружите со некој кога имате 20 и нешто години, период кога се расте и созрева, не значи дека ќе ви остане пријател засекогаш. Луѓето се менуваат, доаѓаа и си одат и не треба по секоја цена да останете со некој.
24.  Прифаќање на работа само затоа што била понудена. Лекција: Ќе ја прифатите речиси било која работа што ќе ви носи средства, но наскоро ќе сфатите дека не е просперитетна и не ве носи таму каде што сакате да бидете за десетина години.
25.   Немање навика за штедење. Лекција: Ако сте стремите да трошите и да направите повеќе пари, не треба да заборавите дека и штедењето е важно – нешто што ќе ви стане јасно во 30-тите.
26.   Недоволно борење и штитење на себеси. Лекција: Обично луѓето прво учат да се борат во име на другите, а потоа во свое. Ќе истрпите неколку работи и ќе сфатите дека треба да се борите за она што ви припаѓа.
27.    Одговарање на „креативна“  порака во 2 наутро. Лекција: Дури и најкреативната шега, ако е испратена во 2 наутро треба да ја препознаете ако е прикриена покана за секс. Треба да „паднете“ на неколку вакви нешта, за да научите да ги препознавате иодбегнувате доколку не ви одат во полза.
28.    Останување последната личност на шанк. Лекција: Не е во ред токму вие да бидете последен на шанк кога се палат светлата, но ако го правите, подобро е во помлади години, отколку подоцна да бидете „морничавиот чичко/тетка последен на шанк“.
29.   Грижа за тоа што кога ќе наполните 30 години. Лекција: Не го трошете времето опседнувајќи се со грижите и потешкотиите што ве чекаат – најлошото што може да го направите во 20-тите е да се задлабочите во мислите за тоа што и како ќе биде кога ќе наполните 30 години. Колку што можете уживајте во овие години и стекнувајте искуства кои ќе ви помогнат за понатаму во животот.

 

1 2 3