Категории

3 модни правила кои ќе ги прекршиме оваа пролет

Верувале или не, овој пат прекршувањето на овие 3 модни правила нема да е модна катастрофа

Постојат одредени модни правила на кои мораме да се придржуваме за да избегнеме да направиме модна грешка и да изгледаме смешно. Но трендсетерките најавија промена кај некои од нив со што успеаа да ни наметнат мислење дека можеме да направиме отстапување затоа што некои од нив донесуваат доста кул резултати.

Еве кои се тие:

Црвеното и розевото е забранета комбинација

Апсолутно неточно.
Благодарение на славните дизајнери и модни креатори, имавме прилика да се увериме дека овие две нијанси можат да одат заедно. Црвената и розовата создаваат романтичност, женственост а воедно и блага доза на елеганција. Исто така, оваа пролет ни стигнуваат и бројни колекции на патики во овие две бои.
Оваа весела и необична колоритност е создадена за топлите сончеви денови кои се пред нас, така што, правилото да не ги комбинираме заедно повеќе не важи!

Сребрено и златно е забранета комбинацијаУште едно правило кое некогаш важело, но повеќе не. Порано било незамисливо на себе да ги носите овие две нијанци како модни парчиња или детали. Сепак, оваа пролет контрастот помеѓу сребрената и златната ќе биде потполно во тренд.

Изберете ги вашите детали и немојте да се плашите да експериментирате со двете нијанси одеднаш.

Мешањето на различни принтови е забрането

Да, но само кога ќе помислиме на панталони во леопард дезен и блуза во зебраст дезен, или панталони со кругови и блуза на пруги – навистина нема смисла.
Овие сончеви денови ќе си поигруваме со различните принтови, во овој случај поголеми кругови во комбинација со помали.

Прегледи:
501
Објавено на:
22.04.2020