Категории

3 совети за како да останете благодарни

Изворот на најискрена среќа е чувството на  задоволство со тоа што сме денес.

 Желбата за успех и мотивацијата да не пропуштиме ниту една добра прилика во нашиот живот, често резултира со пропуштање на малите нешта кои знаат бескрајно да не исполнат. Ова се три совети како да останете благодарни и задоволни со тоа што сте сега.

Заменете ги очекувањата со задоволство

Пред да почните да размислувате за тоа “како би требало “или “како би сакале” да се одвиваат одредени работи во вашиот живот, бидете задоволни со она што сте го постигнале. Лесно е да им се препуштиме на проблемите и предизвиците, но понекогаш се што е потребно е да бидиме задоволни од тоа што сме денес, да уживаме во се она што  не изградило како личност. Секој ден да го започнуваме со благодарност кон  нашето будење и секој чекор понатаму да биде прославување на нашата храброст и автетичност при справувањето со секојдневните обврски и притисоци кои се околку нас. Во текот на денот се  наоѓаме во повеќе од една улога, но важно е да бидеме среќни за тие искуства, да ги почвуствуваме сите емоции кои тие ги носат и ведро да чекориме напред.

Прифатете ги предизвиците со доза на возбуда

Животот е исполент со ситуации со кои за прв пат се среќаваме, не знаеме како да реагираме или пак им даваме преголемо значење во однос на нивната комплексност.  Всушност никогаш нема да бидеме комплетно спремни за ниту едно доживување кое ќе се најде на нашиот пат, бидејќи секоја нова авантура е прилика да спознаеме нови работи за себе. Во наредна прлика кога се соочите  со одреден предизвик во вашиот живот, размислете со што точно се соочувате, а новите искуства прифатете ги како ваши нови вештини кои допрва треба да ги спознаете. Единстевно нешто што е константно во нашиот живот е промената, а истата не секогаш ја прифаќаме лесно, напротив иако сме свесни за нејзиното присуство често имаме голем отпор кон истата. Важно е секогаш да направиме простор за нашиот развој, да се ослободиме од нештата кои не ни служат и да одвоиме време за нови доживувања.

Бидете присутни

Додека го пиете вашето кафе уживајте во неговиот мирис и вкус, кога зборувате со вашите најблиски следете ги нивните насмевки и гестикулации, додека слушате музика чувствувајте го ритамот, играјте. Брзото темпо на живот не навикана да работиме повеќе работи одеднаш, со брзина на светлината да преминуваме од една работна задача на друга. Со цел да обезбедиме подобро утре заборавме да живееме квалитетно денес. Во суштина сме заглавени помеѓу: “немам време кога”  и  “има време ќе средам “ не придавајки му значење на “што правам сега?”– Во наредна прилика искористе ја магијата на сегашниот момент и уживајте во секој детаљ околу вас, само така ќе креирате моменти вредни за паметење.

 

Прегледи:
511
Објавено на:
28.07.2020