Категории

3 ултра модерни фризури кои ќе ве спасат секогаш кога вашата коса е непослушна

Неколку предлози за оние денови кога немате време да ја измиете косата а сакате да изгледате убаво и средено

1.Dutch braid
Плетенките се секогаш одличен избор кога сакате да изгледате убаво и кога вашата коса не изгледа свежо. Со помош на малку шампон за суво миење ќе го постигнете потребниот волум. Фризурата со плетенки позната како „млекарка“ моментално е еден од најпопуларните трендови.

2.Марама во коса
Овој тренд ни доаѓа од егзотичните италијански дами од минатото, а денес по него полуде целиот моден свет. Не постои подобар начин да прикриете дека вашата коса не изгледа свежо од тоа да ставите марама. Женствено и сенсзуално.

3.Собран кок со шнола
Шнолите и штипките во коса беа тотален хит во ’90-тите, иако се чинеше дека овој тренд остана засекогаш таму, модниот свет повторно го врати назад а денес е поактуелен од кога и да било. Само соберете ја косата во лабав кок и прицврстете ја со шнола, овој начин на стилизирање на косата е омилен на французинките кои го нарекуваат ‘effortless chic’ или ‘шик без многу напор.’