Категории

3 видови чаеви за подобро варење на храната и чистење на црниот дроб

Конзумирањето чај е ритуал кој опушта и позитивно влијае на здравјето. Постојат безброј лековити билки кои можат да помогнат во лекувањето на разни болести и превенција, а сега ви пренесуваме 3 мешавини од чај кои го зачувуваат здравјето на црниот дроб и го подобруваат варењето.

Тие се лесно достапни за секого, а покрај нивните лековити својства, можат да имаат и прекрасен вкус, особено кога ќе им додадете една лажичка органски мед.

Чај од нане – Загрејте литар вода на тивок оган, но не до вриење. Во водата додадете 50 гр нане. Гответе на оган уште 5 минути. Тргнете го пијалокот од оган и оставете да се излади на собна температура. Исцедете го сокот од 1 портокал и 1 лимон и додадете го во чајот кога ќе се олади. Процедете и додадете мед. Пијте по една шолја чај дневно.

Мешавина од чај од 4 билки – измешајте кантарион, цветови од камилица, розопа и корен од сладунец. Една лажица од оваа смеса прелијте ја со 250 мл вода. Оставете го напитокот да зоврие, па оставете да се крчка уште 5-6 минути на тивок оган. Оставете да се излади, па процедете. Секое утро пијте 1 шолја чај и 0,3 шолји за ручек и вечера. Користете ја смесата 3 до 4 недели.

Напиток од корен од цикорија – измешајте 2 лажички корен од цикорија со 2 лажички нане. Смесата прелијте ја со 250 мл зовриена вода и поклопете. Оставете да отстои 30 минути, па процедете. Пијте половина шолја од напитокот 2-3 пати на ден во период од 3 недели.

Прегледи:
735
Објавено на:
30.01.2022