Категории

3 златни правила за одржување на тенот и по завршување на летувањето

Многумина од нас се соочуваат со проблемот на губење на бронзениот тен по летувањето. Но, овие трикови ќе ви помогнат да го одржите темниот тен подолг период.

Редовен пилинг

Иако логиката ви наложува дека пилингот ќе ја отстрани бојата, ова е клучен чекор за долготрајна боја. Пилингот е потребно да се прави два до три пати неделно и пред и во текот на летувањето за да ги отстраните мртвите слоеви кожа и да постигнете длабинска боја која ќе трае до крајот на летото. Може да го припремите и со мешавина од шеќер и маслиново масло.

Хидратација на кожата

Ова е клучен чекор за постигнување на еднаков тен. Ако секојдневно сте изложени на сонце, мачкајте се најмалку два пати дневно со хидратантна крема, а посебно внимание посветете на деловите кои најбрзо се сушат. Ќе воочите колку лесно кремата на тие делови се упива. Хидратацијата на кожата е неопходна и однатре, така што во текот на летото треба најмалку да пиете 2 литри вода.

Избегнувајте жешка вода

Туширањето со жешка вода ја суши кожата, поради што побргу се лупи. Во текот и по летувањето туширајте се со млака или ако е возможно, студена вода, за да се задржи потемнетиот тен. Исто така, избегнувајте производи за депилација на база на киселина бидејќи ќе се отстрани површинскиот слој на кожата, а со тоа и бојата.

Прегледи:
793
Објавено на:
21.08.2019