Категории

#365среќа Милена Антовска Станковска: „За мене комплетна е онаа жена која вложува во своето знаење, но и изглед. Тоа е совршената комбинација“

Познато ТВ лице, заштитен знак на Канал 5 Телевизија, препознатлива насмевка, голем професионалец и пред сѐ хумана личност која се залага секојдневно преку својата емисија да се најде решение за многубројните проблеми кои ги мачат нашите граѓани. Во ова издание на #365среќа разговараме со Милена Антовска Станковска, уредник и водител на емисијата „Сподели проблем со Милена“.

1. По повеќе години поминати во утринската програма на Канал 5, од неодамна гледачите те следат попладне во еден поинаков концепт, но сепак со емисија во живо која претставува интеракција со публиката, како со јавувања од гледачите, така и со контакт преку социјалните мрежи. Зошто се одлучи за ваква промена?

Токму така, моите почетоци беа во утринската емисија „Здраво Македонијо“ и луѓето ме препознаваа токму по неа. Но, врз основа на моето искуство кое го стекнав таму, како и поради природната потребата за промена по извесен период, со тимот во редакцијата на Канал 5 заклучивме дека е време за нов проект, каде што ќе се бориме колку што можеме повеќе да помогнеме во решавањето на секојдневните проблеми на нашиот народ. За мене ова беше голем предизвик, поради концептот на емисијата која се емитува преку целата работна недела, во живо, и на мое големо задоволство можам да кажам дека „Сподели проблем со Милена“ веќе прерасна во сериозен проект, а воедно им благодарам на сите оние кои ги споделуваат проблемите со јавноста, како и на државните институции и функционери кои се отворени за соработка.

2. Поради секојдневното појавување пред камерите, особено е важно покрај големиот ангажман околу содржината на емисијата, исто така секогаш да изгледаш негувано и средено. Кој се грижи за твојот изглед?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Milena Antovska Stankovska♑ (@milliemilaa) on


За мене комплетна е онаа жена која вложува во своето знаење, но и изглед. Тоа е совршената комбинација кон која секоја од нас треба да се стреми. За среќа, опкружена сум со тим од професионалци кои се грижат за мојот изглед секоојдневно пред камерите. Не можам да не ги спомнам Cut&Cut фризерското студио, како и мојата омилена Хиба која секогаш е задолжена за беспрекорната шминка, а сите останати услуги и третмани ги правам во Студиото за убавина La Sensa, местото кое го чувствувам како мој втор дом. Прекрасна атмосфера, позитивна енергија, врвна услуга и многубројни третмани кои се заслужни за мојот изглед.

3. Од многубројните услуги кои ги нуди Студиото за убавина La Sensa, која е твојот омилен третман во кој уживаш?

Иако со гаранција можам да кажам дека нема да погрешите за што и да се одлучите од многубројните услуги, јас покрај тоа што ги користам речиси сите, највеќе уживам во витаминската маска по напорниот работен ден, која истовремено ја потхранува, освежува и затегнува мојата кожа.

4. Секојдневно се соочуваш со најразлични судбини на граѓаните кои понекогаш се толку тешки што сигурно ти остануваат врежани во меморијата и по завршувањето на емисијата. Од каде црпиш позитивна енергија?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Milena Antovska Stankovska♑ (@milliemilaa) on


Воопшто не е едноставно да се направи граница и да не дозволиш професионалните обврски да ти влијаат на приватниот живот и обратно. Секако, како и секој човек и во мене се јавуваат измешани емоции кога слушам трогателни приказни и ситуации од туѓите животи, но искуството те учи да се избориш и да се издигнеш над ситуацијата, црпејќи позитивна енергија од најблиските луѓе кои се секогаш тука за тебе. На крајот од денот, на секој од нас му е најважно да се врати во топол дом полн со љубов – тоа е смислата на животот

5. Покрај емисијата „Сподели проблем со Милена“ дали може да очекуваме и нешто ново од тебе во иднина?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Milena Antovska Stankovska♑ (@milliemilaa) on


„Сподели проблем со Милена“ е проект во кој многу вложувам и се посветувам максимално, но покрај тоа секогаш има место и за нови идеи и настани, на мое големо задоволство неодамна бев водителка и модел на ревијата на талентираната Ива Спасовска каде што имав прилика да носам една од нејзините гламурозни креации, а вечерва публиката ќе може да ме види на Саемот за венчавки каде што ќе носам венчаница од еден познат српски дизајнер.