Категории

4 нешта кои сите ги правиме, а се штетни за нашите очи

Некогаш не сме свесни колку она што ни станало навика всушност може да има негативна импликација во нашите животи. Она што несвесно го правиме без да забележиме дека треба да водиме грижа е она кое е причина да се појават многу проблеми на кои претходно не сме ни помислиле.

Ве поттикнуваме да размислите за тоа, истовремено укажувајќи ви на неколку грешки кои ненамерно ги правите кога станува збор за вашите очи.

Пред спиење често заборавате да ги извадите вашите контактни леќи 

Иако е неизбежен фактот да заспиете со вашите контактни леќи, сепак тоа може да биде сериозно опасно за здравјето на очите. Луѓето кои спијат истовремено носејќи ги на себе контактните леќи се изложени на поголем ризик од појава на инфекции на проѕирниот слој на предниот дел од окото. Доколку се случи да заспиете со нив, обидете се да ги отсраните веднаш штом ќе се разбудите следното утро. Тогаш размислете околу тоа да поносите очила неколку часа подоцна затоа што ќе им овоможат на вашите очи да дишат полесно.

Триењето на очите е само навика 

Ова може да ја иритира, па дури и да ја оштети рожницата и да создаде инфекции. Ако триењето е постојано и многу енергично ве изложува на ризик вашата рожница да стане тенка и испакната нанадвор и тоа може да доведе до замаглен вид, болка во очите и влошување на видот. Од друга страна пак, допирањето на очите со валкани раце може да доведе до инфекција на окото. Затоа препорачливо е да ги миете рацете пред да ги допрете очите, а доколку сакате да направите нешто, како што е отстранувањето на контактните леќи, најдобро е да се држите подалеку од очното јаболко.

По цел ден гледате во уреди без да ги одморите очите

Седењето пред компјутер со часови и читање на сите новости на мобилниот телефон доведува до сериозни последици.  Гледањето во уреди подолго време може да предизвика вирус на очите, а најчести симптоми се главоболка, замаглен вид, суви очи и болки во вратот и рамената. Овие симптоми ќе се појават затоа што гледањето во екранот го намалува бројот на трепнувања и со тоа исчезнува природното подмачкување на очите.

Заспивате со шминка на очите

Кога сте исцрпени, отстранувањето на шминката пред спиење може да направи да се чувствувате како да трчате маратон. Препорачливо е пред спиење да ја отстраните шминката, особено маскарата. Доколку тоа го направите со средство за чистење на шминка, потоа добро исплакнете ги очните капаци и со чист памук обидете се да ги отстраните остатоците од шминка на трепките. Доколку не го правите ова лесно може вашите очи да станат суви затоа што очните капаци не би можеле да ослободат доволно течност со која ги подмачкуваат очите.