Категории

4 нијанси на боја на коса кои и одговараат на секоја дама

Ако не сте сигурна која боја на коса да ја одберете, односно која нијанса знајте дека не сте единствена.

Повеќето жени се плашат како одредена нијанса ќе им стои на нивниот тен нивната боја на очи.

Ако не сакате да ризикувате, тогаш знајте дека постојат 4 нијанси со кои нема да погрешите.

1. Чоколадна нијанса

Со оваа нијанса ќе бидете совршена бринета бидејќи не е ниту премногу темна ниту премногу светла.
Одлично ќе ви стои ако имате светол но и темен тен.

2. Златна нијанса

2

Без разлика дали е во вид на прамени или пак цела коса, златната нијанса на секого му стои добро.
Дава посебна свежина и сјај на лицето.
Ако не сте природно светла не е лошо да започнете прво со вадење на прамени па полека да ја осветлувате целата коса, така ќе го избегнете оштетувањето.

3. Мед боја

3

 Кога би морале да издвоиме една од овие 4 нијанси која во најголема мера им одговара на сите тогаш дефинитивно тоа е мед бојата.
Тоа е така бидејќи е неутрална, нема многу ладни но ни топли тонови.

4. Беж нијанса

4

Можеби ќе се уплашите дека беж нијансата делува монотоно не бидете без грижа.
Можете да си играте со нијансите и да ги прилагодувате на својот тен.
Исто така оваа боја е одлична кога е во прашање израстокот бидејќи изгледа многу подобро кога не е офарбана баш до коренот.

Прегледи:
2485
Ознаки:
· · · ·
Објавено на:
14.07.2016