Категории

5 грешки кои родителите најчесто ги прават при воспитувањето на своето дете

Вашето дете е хистерично, секогаш бара нови играчки, плаче доколку не ги добие и не знае како да се однесува со други деца? 

1. Поставете граница

Поставете му јасни граници до каде може да оди. Не правете неколку предупредувања и не го повишувајте тонот – доволно е детето да биде послушно.

2. Покажете кој е главен

Грешката кај многу родители е тоа што на сите начини се обидуваат да ги задоволат своите деца. Децата треба да знаат кој е главен во домот, во спротивноже тераат по свое и нема да ве слушаат.

3. Разговарајте со детето кога сте двајцата мирни

Дали вашето дете изело бонбона наместо супа додека бевте во другата соба? Не лутете се и не му викајте: образовните лекции на висок тон нема да направат ништо добро. Разговорот треба да го одржите само кога сте смирени и подготвени за дијалог. Тогаш вашето дете сигурно ќе ги слушне и прифати вашите забелешки.

4. Контролирајте ги своите емоции

Разбирливо е дека ви е тешко да се контролирате кога детето станува бесно и хистерично. Дишете длабоко и обидете се да се опуштите – ова е реакцијата која детето не ја очекува од вас. На крај, ќе сфати дека неговата хистерија е бескорисна и ќе престане со хистеричните сцени.

5. Објаснете му на детето кои грешки ги прави

Она што за вас е очигледно, за детето можеби е неразбирливо. Ако е криво и погрешило, не плашете го, туку обидете се да му објасните што згрешил. Ако скрши нешто во кујната, одведете го таму и јасно објаснете му што згрешил. Овој момент ќе се вреже во неговата меморија, а детето веројатно веќе нема да ја повтори истата грешка.