Категории

5 клучни работи кои морате да ги знаете во борбата против акните

Без откажување од пудрата

Речиси сите кои во одреден момент од животот имале проблеми со акните, спасот порано или подоцна го барале во пудрата. Во такви ситуации тоа е дозволено, но важно е да се пронајде квалитетна, дерматолошки тестирана пудра со цел да не се постигне спротивен ефект.
Ова се најважните правила кога се во прашање акните и борбата против нив кои морате да ги имате на ум.

1.Некомедогеност за чисти пори
Едни од најголемите причинители на акни на кожата се состојките кои ги затвораат порите. Тие можат да го предизвикаат создавањето на себум во кожата и затворање на лојните жлезди што резултира со создавање на митереси и воспаление. Внимавајте при купувањето на козметички производи и шминка на амбалажата да пишува „некомедогени“, што значи дека производот не ги затвора порите.

2.Хипоалергено за лице без иритација
Хипоалергените производи се препорачуаат за осетлива кожа, и кожа склона кон акни. Таквите прозиводи се ослободени од состојките кои би можеле да ја иритираат кожата или да предизвикаат алергиски реакции. Бирајте дерматолошки испитани производи.

3.Салицилна киселина за прочистување на кожата
Салицилната кисена е од природно подекло, таа делува на акните, ја прочистува кожата и делува антибактериски. Иако за многумина зборот „киселина“ нема позитивен призвук, тоа е состојка која многу често се користи во козметичките производи и е една од најефикасните кога се работи за кожа склона кон неправилности. Салицилната киселина продира длабоко во кожата, го смирува и намалува црвенилото и ги суши акните.

4.Еперулин за смирување на кожата
Добро е и кога производот со салицилна киселина содржи еперулин. Тоа е идеална комбинација за смалување на воспалението на критичните подрачја. Еперулинот ја смирува кожата и се бори против хиперпигментацијата.

5.СПФ за младолик изглед
Иако нема да делува директно на акните, СПФ е битен за здравјето и изгледот на кожата на лицето. Без оглед на годишната доба, производите со спф фактор треба да бидат составен дел од вашата нега. Раните и лузните од акни кои остануваат после се склони кон потемнување под влијание на сонцето, затоа оние кои се склони кон акни мораат да употребуваат креми со висок заштитен фактор.

Прегледи:
674
Објавено на:
16.11.2019