Категории

5 модни трендови од 90-тите кои ги обожаваме

Некои модни трендови едноставно секогаш се враќаат и се вртат во круг. Повеќето од нив, всушност доаѓаат од 90-тите, а ги издвојуваме оние кои се најомилени и најприфатени.

Деведесетите оставиле голема трага во светот на модата. Некои парчиња облека ги ноиме од плакарот на мајките кои успеале да ги сочуваат од тоа време.Баш тогаш кога ќе помислиме дека 90-тите се заборавени, некои трендови се враќаат и го докажуваат спротивното.

Карирано

Модел од 2017? Да, не, можеби? Можеби ќе биде во мода и во 2018 година, но едно е сигурно – карираното сако, кое завладеа по сите модни улици во сите светски метрополи, потекнува уште од далечните 90-ти. Овој модел потполно ги замени пругите, точките.

„Oversized“ изглед

Опуштените кроеви кои ја надминуваат стандардната широчина и големина, тотално ги заменија прилепените парчиња облека, капут, блејзер, кошула, фустан. Сите сме воодушевен од овој тренд, а згора на тоа не мора да го вовлекувате стомакот по обилниот ручек.

See you in a week Amsterdam. ❤️

A post shared by Negin Mirsalehi (@negin_mirsalehi) on

Платорми

До пред некоја сезона не можевме да замислиме платформи и високи плути. Денес, овој тренд кој исто така датира од 90-тите години од минатиот век, е особено застапен и популарен кај жените. Прилично сме сигурни дека и вашите мајки чуваат по некој пар чевли на платформа негде длабоко во плакарот.

✈️✈️✈️✈️✈️

A post shared by Olivia Culpo (@oliviaculpo) on

Чокери

Чокерите се во мода вее неколку сезони. Но, за нив мислењата се поделени во две групи – оние кои ги обожаваат и оние кои ги мразат. Како и да е, чокерите се модни додатоци од 90-тите, кои изгледа нема така бргу да исчезнат.

Сатен

Сатенскиот фустан кој делува како да му е местото повеќе во спалната соба, е уште еден тренд кој е наследен од 90-тите и го обожаваме. Секси, елегантна, а ултра едноставна – се надеваме дека ќе биде засекогаш во мода.

Hiding from Monday and this awful algorithm ??‍♀️

A post shared by Stephanie Arant (@shhtephs) on

Прегледи:
1342
Објавено на:
02.01.2018