Категории

6 интересни факти кои не сте ги знаеле за едно од најпознатите уметнички дела – Девојката со бисерна обетка

Ремек – делото на Јоханес Вермер, Девојката со бисерна обетка (Girl with a Pearl Earring)  привлекло големо внимание низ вековите. Всушност оваа слика е едно од најпознатите уметнички дела кои биле некогаш создадени. 

Нејзината популарност ќе се зголеми кога таа ќе биде извор и инспирација за натамошно создавање на истоимениот филм. Четири години пред филмот, Трејси Шевалие го пишува романот насловен како и самото дело.  Во продолжение издвојуваме 6 интересни факти за ова уметничко остварување кои не сте ги знаеле.

 

  1. Девојката од сликата досега не е идентификувана. Никој се уште не знае кој е моделот за сликата Девојката со бисерна обетка.

  2. Нема конкретни докази за ова тврдење, но некои претпоставуваат дека модел е најстарата ќерка на Вермер, Марија.

  3.  Постојат и многу други имиња кои се врзуваат за насловот на ова ремек – дело. Некои од нив се:  Girl in a TurbanHead of a Girl in a TurbanHead of a Young Girl, и The Young Girl with Turban.

  4. Оваа слика е сместена во Хаг и таму е повеќе од еден век.

  5. Бојата која се наоѓа на позадината на сликата се менува низ времето. Според Kristy Puchko, таа црна позадина некогаш била сјајна глазура. Потоа пронајдени се траги од индиго, заварување, мешавина на глазура со која би се зацврстила темната подлога. Но низ вековите, пигментите на глазурата се распаднале и со тоа ја промениле бојата на сликата.

  6. Сликата не се продавала се додека не поминале два века од нејзиното создавање (продадена е во 1881 година). Ја купил офицер на Холандската армија кој истовремено бил и колекционер на уметнички дела, по неверојатно ниска цена.

Прегледи:
3221
Објавено на:
03.07.2018