Категории

6 рецепти за природни домашни сокови против воспаленија во организмот

Исхраната игра важна улога во тоа како ќе се чувствуваме, изгледаме и дали ќе бидеме здрави. Нашата исхрана го вклучува она што го пиеме. Има голема разлика ако пиеме алкохолни пијалоци или сок кој содржи повеќе видови овошје и зеленчук секој ден. Се разбира, вториот избор е многу подобар. Затоа за вас најдов одлични рецепти за сокови кои можете сами да ги направите, да спречите воспаление во организмот, но и да уживате во нивните вкусови.

Сок од цреша и семки од чиа

  • 180 мл 100% сок од цреша
  • 300 мл вода
  • 1 лажица чиа семе
  • 2 лажици мед
  • 3 супени лажици сок од лимон

1. Сите состојки се додаваат во шише или во сад со капак. Протресете!
2. Оставете во фрижидер преку ноќ и уживајте потоа!

Сок од ѓумбир и спанаќ

  • 300 грама замрзнато манго
  • 120 грама краставици
  • 60 грама спанаќ
  • 180 мл вода
  • 2 супени лажици сок од лимон
  • 10 листови свежо нане
  • 1 лажичка ѓумбир
  • 1/2 халапено пиперка

1. Мангото и краставицата се сечкаат на коцки.
2. Сите состојки се додаваат во блендерот. Блендирајте додека смесата не се изедначи.

Чоколадно фрапе

  • 120 мл разладено кафе
  • 120 мл кокосово млеко
  • 30 грама чоколадо со 85% какао
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 4 коцки мраз
  • 1 лажица шлаг (по избор)

1. Во блендер додадете кафе, кокосово млеко, темно чоколадо, мраз и екстракт од ванила. Блендирајте додека не се ослободите од сите грутчиња и додека смесата не се изедначи.

2. Се прелива во високи чаши и се додава шлагот (по желба).

Газирана вода со лимон

  • 1 лимон
  • 120 ml вода
  • 1 лажица мед
  • 450 ml газирана минерална вода

1. Лимонот не се лупи, туку се сече на парчиња. Потоа во блендер ставете лимон, обична вода и мед.
2. Блендирајте додека смесата не се изедначи.
3. Смесата поделете ја во четири чаши, па рамномерно додајте газирана минерална вода.
4. Уживајте!

Сладок зелен сок

  • 2 портокали
  • 5 листови блитва
  • 5 стебленца целер
  • 16 грама коријандер
  • 1 краставица
  • 1/2 излупен лимон
  • 1 лажица корен од ѓумбир

1. Сите состојки поминете ги низ соковник.
2. Кога ќе го добиете сокот, оставете го во фрижидер да се излади и уживајте!

Куркума и сок од цитрус

  • 1 портокал
  • 1 мандарина
  • 1 банана
  • 1 лажица ленено семе
  • 1/4 лажичка куркумаж
  • 180 ml вода
  • 4 коцки мраз

1. Сите состојки се ставаат во блендер. Блендирајте додека смесата не се изедначи. Доколку е потребно, додадете вода ако сакате потенка конзистентност.