Секогаш ни се добредојдени трикови и тајни кои ги користат славните дами, барем кога се работи за негата на кожата и убавината. Овој пат тајните ги добиваме од Joanne Czech, специјалист за нега на кожата, заслужна за изгледот на кожата на Џенифер Анистон, Кејт Бланшет и Криси Тарлингтон.
Одберете соодветен серум за масажа
Кога се работи за нега на кожата, нема универзален совет кога се работи за изборот на препарати, едноставно морате да пронајдете што и одговара на вашата кожа, а квалитетниот серум по можност со хијалуронска киселина, вреди злато. Кога се впуштате во масажа на лицето, која треба да биде дел од секоја утринска и вечерна рутина, напрво серумот лесно нанесете го на пределот на лицето, вратот и деколтето.
Масирајте од брадавиците према нагоре. На тој начин ќе ја поттикнете влажност ана овој предел кој сакате да го задржите мек и хидратиран подолго време.
5-7 минути
Џоан советува да поминувате 5-7 минути правејќи ја вечерната рутина. Немојте да брзате, дозволете си себеси вистински да ги стимулирате мускулите и жилите во подрачјето на лицето и вратот.
Клучни мускули
Фокусирајте се најпрво на мускулите на лицето: веѓите, образите, мускулите околу вилицата. Масажата на овие подрачја ќе има инстант влијание врз микро-отеченоста која го подигнува лицето. И секако, после клучните мускули на лицето, преминете на масажа на вратот и деколтето.
Комбинирана техника
Пооостојат различни техники на масажа кои можете да ги испробувате и да ја пронајдете онаа која вам најмногу ви одговара, но пожелно е да ги комбинирате и изменувате. Наједноставно е да ја масирате кожата како да мешате тесто на образите, потоа подрачјето околу очите да го притискате како да притискате типки од клавир, а челото и мускулите околу веѓите да ги стимулирате со лесно штипкање. Пронајдете интензитет кој ви годи, лицето ќе ви биде благодарно.
Почитувајте ја вашата кожа
Основното правило кое го промовира Џоана е „Почитувајте, поддржувајте и заштитувајте ја кожата“. Кога се однесуваме спрема својата кожа онака како што сакаме да го третираме битието кое го сакаме, таа љубов ите како ќе ја види, и нема само кожата да биде позатегната туку и здравјето и општото расположение ќе бидат подобрени.