Категории

60 години љубов! Овие вљубеници си ја прославиле годишнината со фотографии, облечени во оригиналната облека од свадбата!

Која е тајната формула на долготраен, среќен брак?

Еден пар од Небраска, САД, сигурно ја знае таа тајна формула. Тие неодамна ја прославиле својата 60-та годишнина, облечени во оригиналната облека од свадбата. Фотографката Кејти Отри ги овековечила овие магични моменти на 88-годишниот Марвин Стоун и 81-годишната Луцил Стоун. Тие се држеле за рака, танцувале и позирале заедно на отвореното поле во Небраска.

Лусил го носела својот прекрасен, чипкаст бел фустан, кој си го сошила рачно самата, а Марвин го носел црното одело со лептир машна, истите алишта кои ги носеле на нивниот посебен ден пред 60 години. Тие се венчале во 1960 година во малечка Лутеранска црква во Стерлинг, Небраска, кога Марвин имал 29 години, а Лусил 22. Сега, откако имаат поминалот и добро и зло 60 години заедно, и имаат одгледано 3 деца, се потсетуваат на нивните младалачки денови со смеа и љубов.

„Беше апсолутна чест да се фати љубовта помеѓу толку посебен пар! Додека ги фотографирав, беше лесно да се примети колку се грижат еден за друг. Имав солзи во очите зад камерата додека ги фотографирав. Прекрасен пример се за тоа каква е правата љубов низ тестот на времето. Оваа фотосесија никогаш нема да ја заборавам“ – изјави фотографката Кејти Одри за онлајн медиумот Bored Panda.

Погледнете ги овие навистина посебни фотографии:

 

Прегледи:
683
Објавено на:
03.09.2020