Честопати на луѓето им е тешко ги признаат нивните слабости и постојано бараат изговори за себеси и за другите. Поголемиот дел од животот го поминуваат во чекање. Чекаат нешто да се случи, да заврши, да почне… Но, тоа „нешто“ е самиот живот. Зошто постојано чекаме? Време е да се соочиме со бруталната животна вистина и да почнеме да работиме на себе уште веднаш, без никакво одложување. Ова се 7-те вистини за животот кои откако ќе ги дознаете, ќе можете да ги раширите крилјата и да ги достигнете височините кои отсекогаш ви се чинеле недостижни…
1. Никој не е толку зафатен за да не може да ви одговори
Момчето или девојката што ви се допаѓа не се толку зафатени за да не можат да ви вратат на пораката. Вашиот потенцијален работодавец не е толку окупиран со работа за да не може да ви се јави. Запаметете дека луѓето одвојуваат време за оние на кои сакаат да потрошат време. Им се јавуваме и им праќаме пораки на луѓето со кои сакаме да разговараме и да останеме во контакт. Ако не добиете одговор од некого, тоа е така затоа што таа личност намерно одлучила да не ви одговори. Што поскоро престанете да барате оправдувања за луѓето кои се однесуваат лошо со вас, толку побрзо ќе можете да се зближите со оние кои навистина ве почитуваат.
2. Сите луѓе си гледаат прво за себе
Без разлика за колку грижлива, добродушна и внимателна личност станува збор, луѓето секогаш ќе ги ставаат нивните интереси пред вашите. Дури и највнимателниот партнер нема да знае како да постапи, додека не му дадете некој знак. И најискрениот работодавец нема да стане свесен дека премногу ве оптоварува, ако продолжите да ја прифаќате секоја можна обврска што ви ја дава. Луѓето ќе земаат од вас колку што можат повеќе, без оглед на сѐ. Обидете се да поставите граници и не им дозволувајте на другите да ги преминуваат. Силните луѓе не се плашат да кажат „Не“ или да кажат што им пречи. Тие знаат дека мора да го бранат сопствениот став, бидејќи никој друг нема да го направи тоа за нив.
3. Невозможно е сите да ги направите среќни
Ако правите сѐ што некој ќе ви каже или замоли, веројатно ќе полудите и ќе се претворите во безживотно, недефинирано и нечувствително битие. Вистината е дека не можете да им угодите на сите. Можете да се обидете, но нема да успеете. Секогаш ќе постои некој кој нема да ги одобрува вашите животни избори. Ќе бидете критикувани што и да правите. Донесете ја вистинската одлука за вас и соберете храброст да ја следите вашата интуиција. Единствениот судија пред кого треба да одговарате сте вие самите.
4. Светот не ви должи апсолутно ништо
Можете да бидете најпаметната, највредната и најинтересната личност на светот, но ако никој не е свесен за овие карактеристики освен вас, нема да добиете ништо. Постојат два можни избора: Можете да го поминете целиот ваш живот во жалење дека заслужувате повеќе одошто добивате или можете самите да го земете она што го сакате. Погодете кој е изборот на успешните луѓе!
5. Постојано наоѓате изговори
Целиот живот го поминувате обвинувајќи ги другите луѓе за тоа што немате доволно време, пари, енергија и можности да ги остварите вашите цели. Можеби вашите зборови имаат некаква смисла, но бруталната вистина е дека секој човек на светот има барем еден добар изговор зошто нема живот каков што посакува. Луѓето кои знаат максимално да го искористат животот не наоѓаат изговори. Тие наоѓаат начин да ги надминат пречките и не дозволуваат да се сопнат од нив. Токму затоа постојано успеваат во она што го прават.
6. Не ве дефинираат вашите мисли, туку вашите дела
Можете да поминете цел ден во размислување како да го направите светот подобро место за живеење, но ако не преземете нешто, нема да направите некоја голема разлика. Добро е да знаете како да правите големи планови за иднината, но ако тие планови не се придружени со дела, тогаш сѐ е залудно. Имајте на ум дека луѓето ве судат според вашите дела, а не намери.
7. Никој нема да биде вашиот спасител
Постојано нешто чекаме во животот. Чекаме да го запознаеме вистинскиот партнер, чекаме да ни се остварат соништата, чекаме да ја пронајдеме работата од нашите соништа. Кога не сме среќни со нашата моментална ситуација, нерационално се надеваме на чудо кое би ни помогнало да се справиме со сите наши потешкотии. Но, животот не функционира на тој начин. Проблемите не се решаваат со волшебно стапче. Ако сакате да внесете промена во животот и да го извлечете најдоброто од себе, мора самите да го направите првиот чекор на патот кон остварувањето на вашите цели.
Најсилните луѓе го знаат следново: Кога ќе се најдете во тежок период од животот, не треба да чекате некој друг да ви помогне или да ве извлече од дното. Морате да бидете независни, бидејќи само на тој начин ќе ја достигнете посакуваната среќа и успех.