Категории

7 митови за шминкањето кои морате да ги заборавите

Постојат бројни совети во светот на индустријата за убавина кои се од голема корист и кои им помагаат на голем број жени. Меѓутоа постојат и такви кои се апсолутна невистина и не треба да им обраќате внимание, бидејќи најчесто се само за митови. Еве кои се тие:

1. Секогаш прво морате да нанесувате коректор под очите
Секако дека ова не  е погрешно но не е ни обавезно да се оди по точен редослед. Ако сакате да заштедите време и да остварите беспрекорен изглед на кожата тогаш прво нанесете ја шминката за они. Со обзир на тоа дека во текот на нанесувањето на сенката, правот се размачкува, тогаш овој пристап е наједноставен. Кога ќе завршите со шминкањето на очите, правот едноставно избришете го со влажна марамица и нанесете подлога и коректор, така подочниците нема да изгледаат потемни отколку што се.

2. Темните веѓи им стојат добро на сите
Густите и темни веѓи се се по популарни, но тоа не значи дека на сите им стојат подеднакво добро. Секој од нас има различни веѓи и сите ние се прилагодуваме врз тоа, а не ги следиме трендовите. Секогаш можете да го нагласите природниот облик на веѓите така што ќе ги пополните и потемните за неколку нијанси од нивната природна боја но немојте да претерувате.

3. Никогаш не нанесувајте шминка со прсти
Многу луѓе не сакаат да го допираат своето лице затоа што се плашат дека така ќе влијаат врз ширењето на бактерии. Но прстите можат да бидат одлична алатка за шминка, доколку преферирате по природен изглед. Поради телесната топлина која ја имаат помагаат подобро да се блендаат подлогите и пигментите притоа шминката да изгледа доста неутрално и нежно.

4. Коректорот мора да биде посветол од тенот на кожата
Постојат повеќе видови коректори и секоја боја има одредена функција. Зелената боја го неутрализира црвенило, жолтата ги камуфлира темните кругови додека коректорот со бела база ги пополнува брчките.

5. Шминката е лоша за кожата
Многу е лесно да ја обвинувате шминката за секоја реакција на кожата. Но,важно е и добро да се грижите за неа. Тоа вклучува правилна исхрана, секојдневно негување и чистење на лицето и обавезно отстранување на шминката пред спиење како и четките за шминка.

6. Козметичките производи немаат рок на траење
Ништо не трае засекогаш, па ни козметичките производи. Тие се направени така да траат долго, но после одредено време нивните состојки можат да се расипат.

7. Поскапат шминка е поквалитетна
Повисоката цена на производите не дава и подобар квалитет. Постојат и други фактори кои треба да се земат во обзир при купувањето шминка. Всушност поголемиот дел од состојките во сите производи е сличен, без обзир на скапиот и приступачен бренд.