Категории

75-годишната Ненси боледува од Паркинскова болест а се бори против неа така што секојдневно боксува

Сите светски медиуми деновиве пишуваат за бабата Ненси Ван Дер Стратен, која живее во Анталија, Турција. Оваа жена родена во Белгија има 75 години и има Паркинсонова болест, но не се откажува. Ненси се бори против болеста тренирајќи бокс секој ден, па дури и за време на заклучувањето, таа најде начин да тренира.

Тетка Ненси, како што ја нарекуваат другите боксери, ги инспирира и мотивира сите околу неа, не само затоа што во тие години и на тој начин се бори против болеста, туку и затоа што не пропушта ниту еден тренинг. Дури и Роки би и завидел на нејзината цврстина и решителност. Бабата верува дека боксот и помага да остане во форма, како и за последиците од нејзината болест.

„Откако започнав да тренирам бокс секој ден, моите дневни задачи се многу полесни“ – вели таа и додава.
„Ако имате Паркинсонова болест, имате две опции пред вас – да не тренирате и наскоро да бидете парализирани или да бидете активни и да живеете подобар живот. Ударите што ги давам ме лекуваат. Додека боксувам слушам гласна музика. Мојот мозок е многу поефикасен. И се чувствувам одлично после секој тренинг.“ – вели тетка Ненси.

Прегледи:
578
Објавено на:
08.03.2021