Категории

8 одлучувачки ситуации: Еве кога на работното место треба да кажете стоп и да се заземете за себе!

Можеби сте премногу толерантни, но ова не смеете да го толерирате

Работата е важна за човекот од многу причини, но најмногу од материјална причина. Затоа, подготвени сме да страдаме и да трпиме и тоа што не смееме. Да молчиме и кога ни се вреска. Да ​​„почекаме да помине“ е она што секогаш останува врежано во нашата меморија. Но, има некои ситуации на работа каде што треба да кажете: „Доста е!“

 

  • Кога од вас се очекува да бидате достапни 24 часа, седум дена во неделата.
  • Кога од вас се бара да објасните зошто ви треба одмор.
  • Кога од вас се очекува да го направите невозможното.
  • Кога сфаќате дека сте принудени да го жртвувате здравјето и благосостојбата заради работата.
  • Кога од вас се очекува да се согласите со сето она што е кажано во фирмата.
  • Кога од вас се очекува не само љубезност, туку и обожавање!
  • Кога се очекува да имате скоро потчинувачка верност.
  • Кога вашата самодоверба премногу зависи од тоа што мисли шефот за вас.

 

Запомнете дека само вие сте одговорни за вашите одлуки и вашиот живот. Ако некој ве понижува, а вие не правите ништо за да го спречите тоа – тоа е ваш избор.

Прегледи:
554
Објавено на:
27.11.2019