Категории

8 заблуди за фарбањето на коса во кои се уште веруваме

Прамени, менување бои, криење на бели влакна- понекогаш се прашувате дали сакате трајно да ја уништите вашата коса. Но, многу од она што се плашиме всушност се измислени приказни.

Мислиш дека не смее да се фарбаш бидејќи си бремена? Тоа е само една од низата заблуди кога станува збор за косата.

Заблуда: Косата може да се мие веднаш по фарбањето

Вистина: За миење ќе мора да почекаш најмалку 24 часа по боењето, а за базен дури и подолго – до две недели – затоа што хлорираната вода од базен брзо ќе го исплакне заштитниот слој од косата, а со тоа и бојата ќе се промени.

Заблуда: Косата не треба да се фарба дома

Вистина: Денес, постојат одлични бои за коса кои можете сами да ги нанесете и да постигнете што точно сакате. Едноставно следете ги упатствата и секогаш носете заштитни ракавици.

Заблуда: Не смеете да се фарбате косата во текот на бременоста

Вистина: Не постои научна потврда дека хемикалиите во бојата на косата може да го оштетат плодот или на друг начин да ја загрозат бременоста. Сепак, за да бидеш помирна, почекај три или шест месеци, а потоа оди на фризер. Уште подобро, не плаши се, туку направи прамени, бојата се нанесува само на косата и нема опасност дека кожата ќе ги апсорбира хемикалиите.

Заблуда: Веѓите мора да бидат со иста боја како и косата

Вистина: Не, воопшто не е така. Многу е поубаво кога се различни. Ако вашата коса е света, нека веѓите се потемни, а ако е темна, имајте за нијанса посветли веѓи.

Заблуда: Обоената коса ќе избледи на летното сонце

Вистина: Ќе избледи на секое сонце. Ако знаеш дека ќе бидеш надвор долго време изложена на сонце, стави на главата капа или шешир. Најдобро е косата да биде ладна.

Заблуда: Со фарбањето се намалува обемот на косата

Вистина: Токму спротивното – со примена на бојата, косата ќе дејствува подебело и на општ впечаток ќе го зголеми обемот.

Заблуда: Шампоните за обоена коса се преценети

Вистина: Инвестирајте малку повеќе пари во производите кои се за обоена коса, бидејќи на крајот можат да те спасат од поголеми давачки. Бидејќи овие шампони не само што ќе ви помогнат бојата да трае подолго (што значи помалку посети на фризер), но, исто така, косата да има сјај и влажност што е изгубен по фарбањето.

Заблуда: Од бојата косата има последици засекогаш

Вистина: Веднаш штом ќе почнете да се фарбате, засекогаш ја менувате структирата на косата. Но со правилен третман, пример ставање маска за заштита на косата, штетата ќе ја сведете на минимум.

Прегледи:
918
Објавено на:
02.04.2018