Категории

9 нешта кои им се навистина важни на гостите на вашата свадба

Кога се подготвувате за вашата свадба, сакате сите да ги направите среќни и задоволни со вашиот избор. Но, додека размислувате за тоа што треба да направите, многу е битно да не ги заборавите и вашите гости.

Во прилог дадени се неколку едноставни начини преку кои ќе ги направите вашите гости среќни и задоволни, без притоа да ја жртвувате свадбата на вашите соништа.

Барот

Многу од гостите практикуваат да одат на свадба каде што има отворен бар. Но, доколку имате “cash bar” дури и ако е само за дел од приемот, важно е вашите гости однапред да знаат за да можат да пристигнат подготвени.

Храната

Гостите не ги итересира каква храна ќе јадат за време на свадбата. Тие само сакаат да знаат кога да го очекуваат јадењето, особено ако се сервира алкохол.

Дали се поканети на церемонијата и приемот

Еден од начините да ги направите вашите гости да се чувствуваат непријатно е да не ги поканите на церемонијата или на приемот. Иако постојат и луѓе кои не сакаат да присуствуваат на церемонијата, повеќето луѓе навистина сакаат да присуствуваат на церемониите. Меѓутоа, гостите ќе бидат многу навредени доколку не ги поканите на приемот.

Место на седење

Верувале или не, повеќето гости сакаат да им биде кажано каде да седнат на свадбата. Ова е особено точно доколку одат на голема забава или свадба на која не познаваат никого.

Meшање со други луѓе

Бидејќи на свадбите најчесто се земаат фотографиите по церемонијата, гостите поминуваат многу време во чекање. Затоа, треба да им се даде можност на гостите да се мешаат. Доколку луѓе со иста ил слична возраст и карактер седат заедно, поголеми се шансите да започнат разговор меѓу себе.

Да бидат пречекани од младенците

Можеби гостите можат да го избегнат говорот за време на свадбите, но на нив навистина им е важно да бидат пречекани од страна на младенците.

Времето

Никој не може да ги предвиди силите на природата, но не е тешко да се истражи какво ќе биде времето на денот на свадбата.

Теренот

Свадбите на отворено се најголем тренд. За жал, двојките понекогаш не размислѕваат за теренот на кој нивните гости ќе мора да одат низ церемонијата и приемот. Високите потпетици можат лесно да пропаднат во земјата, кондурите можат многу лесно да се извалкаат, а постарите луѓе кои користат помагала за одење можат лесно да се сопнат на нерамното земјиште. Затоа, најубаво е да ги информирате гостите однапред, со што ќе им овозможите да пристигнат во соодветни обувки или да побараат помош.

Превоз и паркинг место

Без разлика дали гостите се локални или доаѓаат од други градови само за вашата свадба, многу е битно дека ќе имаат обезбеден безбеден и удобен пристап до местото каде што ќе се одржува вашата свадба. Многу двојки обезбедуваат посебни паркинг места за своите гости кои доаѓаат надвор од градот и затоа бидете сигурни дека ќе ги пренесете сите информации.

 

Прегледи:
721
Објавено на:
14.12.2017