Benjamin Von Wong фотограф од Монтреал кој е познат по комплицираните продукции и фантастичните фотографии, овој пат направи неверојатно тешка подводна фотосесија, од која има феноменални резултати.
Тим од искусни нуркачи и подводни фотографи беа задолжени да постават целосен сет за фотографијрање на 25 метри подморска површина, во потонати остатоци од брод, на крајбрежјето на Бали.
Моделите, кои исто така морало да бидат искусни, нуркале без боци кислород, а носеле фустани од дизајнерот Ali Charisma. Позирале во и околу бродот во прекрасните фустани, во кои изгледаат како сирени и митски суштества.
Ова е навистина тежок проект да се изведе, немале ни специјално осветлување, туку морале да се потпрат на природната светлина, а за одредени фотографии, моделите морало да бидат врзани за бродот, а мала некоординација меѓу нив би била фатална.