Категории

Како татковците ги учеле нивните синови да ги почитуваат жените во минатото?

Во денешно време честопати се вели дека вистинските џентлмени „изумреле“. Жените се уверени дека не постојат повеќе џентлмените од минатото кои секогаш стануваат кога ќе влезе дама во просторијата, им ги придржуваат столиците и им отвораат врати. Мажите кои секогаш ги одржувале нивните ветувања, никогаш не доцнеле и внимавале како изгледаат во женско друштво се сѐ поретки. Кавалерското однесување не се учи на училиште. Тоа е нешто што татковците некогаш им го пренесувале на синовите преку нивните зборови, но и дела. Ова се некои од правилата за почитување на жените кои татковците им ги кажувале на синовите во минатото…

1. „Таа е нечија ќерка“

Ова не е само обична реченица, туку нешто што треба да се почувствува со срцето. Мажите од минатото знаеле како да ги согледаат работите од вистинска перспектива. Токму затоа тие секогаш им велеле на синовите да се однесуваат со жените онака како што еден ден би сакале другите мажи да се однесуваат со нивната ќерка.

2. „Прибери си ги рацете“

По извесен период, ќе дојде време за нежни допири. Секој маж кој знае како да ги слуша жените, ќе знае и да процени кога е време за допири и што е уште поважно, за каков вид допири. Жената е таа која ги одредува границите, а мажите секогаш треба да ги почитуваат тие граници. Татковците од минатото честопати им велеле на синовите: „Не си дозволувај да предизвикаш разочарување во нејзиниот поглед.“

3. „Испрати ја до врата“

Ова е основното правило на витештвото. Татковците ги советувале синовите секогаш да ги испраќаат жените до врата и да се погрижат да стигнат дома безбедно. Иако во денешно време овој гест според многумина се чини непотребен, тој претставува вистински доказ за машката почит кон жените.

4. „Секогаш плаќај ја вечерата“

Иако денес времињата се менуваат, добро е понекогаш да се применува ова правило без оглед на тоа колку заработува жената. На овој начин, мажот ќе ја покаже неговата посветеност и грижливост кон неа. „Сине, секогаш плаќај ја вечерата, дури и да нарачала јастог“, им велеле татковците на нивните синовите.

5. „Понуди ѝ го палтото кога е ладно“

На тој начин мажите не покажуваат само дека се грижат за нејзиното здравје, туку и дека секогаш размислуваат за тоа. Кога е ладно, мажите треба да ѝ го понудат нивното палто. Кога е топло, треба да ѝ купат ладен пијалак. Кога врне дожд, треба да најдат што било за да ја заштитат.

6. „Секогаш отворај ѝ врата“

Особено кога влегува во автомобил. Тоа е едноставен и љубезен чин со кој мажите покажуваат дека секогаш ја ставаат нивната сакана на прво место.

7. „Почитувај ги желбите на нејзините родители“

Без оглед на тоа какви се, татковците секогаш ги советувале синовите да ги почитуваат родителите на нивната понежна половина. Според татковците од минатото, најлошото нешто е да бидете во врска со девојка чии родители немаат добро мислење за вас. Мажите треба да направат сѐ за да им покажат почит на родителите на нивната љубена.

8. „Направи да се чувствува сигурно и заштитено“

Мажите не мора да имаат огромни мускули за жената покрај нив да се чувствува сигурно. Доволно е да ѝ покажат дека се подготвени да сторат сѐ за да ја заштитат неа, нејзините лични вредности и нивната љубовна врска.

Прегледи:
435
Објавено на:
09.03.2017