Категории

На кој начин јогата не опушта и смирува?

Јогата го зголемува нивото на хемикалијата гама-аминобутерна киселина (GABA) во мозокот, која е поврзана со подоброто расположение и намалувањето на депресијата.

Јогата има поголем позитивен ефект на нашето расположение и на намалувањето на депресијата отколку било која друга форма на физичка вежба, докажале американските научници од Медицинскиот факултет во Бостон. Научниците докажале дека интензивниот позитивен ефект на јогата се должи на поголемите концентрации на хемикалијата во мозокот наречена GABA.

Најновото истражување на научниците подетално покажало како јогата делува на оваа хемикалија.

Студијата покажала дека јогата влијае на зголемувањето на концентрацијата на гама-аминобутерната киселина (gamma-aminobutyric acid – GABA), хемикалија во мозокот, која помага во регулирањето на нервните активности. Активноста на оваа киселина е намалена кај луѓето кои патат од пореметувања на расположението. На овие лица им се препишуваат лекови кои ја зголемуваат активноста на гама-аминобутерната киселина (GABA).

Истражувањето покажало дека концентрациите на гама-аминобутерната киселина (GABA) после еден час практикување јога, значително го подобруваат расположението и ја намалуваат анксиозноста.

Научниците тврдат дека практикувањето јога ги стимулира специфични делови во мозокот, со што се зголемуваат промените во ендогените антидепресивни невротрансмитери како што е GABA.

Истражувачите изјавиле дека ова е многу важно откритие и дека понатамошните истражувања ќе дадат решение за депресијата, без примена на лекови.

Прегледи:
398
Објавено на:
11.04.2017