После големата победа на нашите ракометари од РК Вардар и освојувањето на престижниот европски трофеј денес тие пристигнаа во Скопје.
Со лет на WizzAir од Дортмунд до Скопје, нешто после 11:00 часот слетаа на скопскиот аеродром. Еве како изгледала атмосферата во авионот.
Ракометарите ги пречека градоначалникот на Скопје, а на аеродромот стотици граѓани ги пречекаа ракометарите со песна и насмеани лица. Големата прослава е закажана во 13:00 часот на Плоштадот Македонија.
Исто така, се пренесе и информацијата дека Претседателот Ѓорге Иванов ќе ги одликува членовите на ракометниот клуб Вардар со „Медал за заслуги за Македонија“, а на ракометниот клуб Вардар ќе го додели признанието „Повелба на Република Македонија“.
„Членовите на РК Вардар се одликуваат со „Медал за заслуги за Македонија“ за постигнатите врвни резултати во ракометот на домашен и на меѓународен план, а особено за спортскиот подвиг, освојувањето на титулата европски клупски шампион што е од исклучително значење за Република Македонија и за нејзина афирмација во светот“, пишува во соопштението од Кабинетот на Претседателот.