Категории

Клементинум – најубавата библиотека во светот

Лоцирана во Прага, Клементиум е веројатно најубавата библиотека во Чешка, но и во светот.

Прага има богата историја, градот е основан околу 880 година, а исто така е дом и на еден од најстарите европски универзитети основан во 1348. Разбирливо е да има голем бројна стари библиотеки, но најубавата од нив е Клементинум

Клементинум е комплекс од згради кои се дом на националната библиотека. Комплексот е основан кога Jesuits пристигнал во Бохемиа во 1556 година. Името го добива по капелата посветена на Свети Клемент, изградена во 11-ти век.

Библиотекната е прекрасен пример на барокна архитектура, но измешана е и со други стилови. Долгите периоди на реновирање довеле до влијане на различни стилови од различни временски периоди, а распространетоста на два хектара го создава тогаш најголемиот коплекс на згради во Европа. Денес ова е втор најголем комплекс во Прага, по Прашкиот Замок.

Официјално библиотеката била отворена во 1722 година.  Моментално, библиотеката е дом на повеќе од 20.000 книги, од кои повеќето е се странски теолошки книги, кои потекнуваат од 17-ти век до денешен ден, а некои се исклучително ретки.

 

Поглед на Прага од Клементинум

 

Во 1777 година, Царицата Мариа Тереза од Австрија го отворила универзитетот и библиотеката за јавноста, а о 1781 година директорот на библиотеката Карел Рафаел Унгар оформил одел со колекција од чешка литература, одел кој го нарекол Национална Библиотека што ја потикнало идејата Клементинум да стане национална библиотека.

Прегледи:
643
Објавено на:
22.06.2017