Луѓето од праисториски времиња спиеле заедно, тогаш за топлина и за да се заштитат од предаторите. Денес, 1 од 4 пара спијат одделно, од најразлични причини.
Денес, кога спиеме сами не сме загрижени за физичките предатори, туку за социјалните. Го поврзуваме спиењето заедно со заедничката среќа, бидејќи здравиот сон е важен фактор во градењето добра врска.
Доколку едноставно не можете да ја поминете ноќта во заеднички кревет, од најразлични причини, заради звуци, телевизор, душек…најдете го идеалното место за сон, бидејќи најважно е да имате квалитетен одмор. Истражувањата покажале дека добриот сон ги прави луѓето посреќни наутро, што придонесува за подобри партнерски односи.