Сувата кожа на дланките умее да биде сериозен проблем а до тоа доведува не само хемикалиите кои се користат секојдневно туку и бројни останати фактори.. За таа цел ние ве советуваме како можете да си помогнете при овој проблем.
Дланките миете ги само со млака вода
Секогаш кога ќе ги миете дланките внимавајте водата да е млака, никако премногу ладна ни премногу врела бидејќи тоа дополнитело ги суши.
Редовно правете пилинг
Пилингот е доста важен при негата на дланките, а него можете да го правите со едноставни состојќи од вашата кујна како шеќер и маслиново масло. Нежно втријте го врз дланките и исплакнете, потоа задолжително нанесете крем. Овој пилинг можете да го практикувате 1-2 неделно.
Хранлива крема секогаш со вас
Секогаш користете крема за раце без разлика дали е лето или зима. Во зима таа е неопходна бидејќи студеното време значително ја оштетува кожата. Доколку сакате да имате нежни и убави дланки нанесувајте ја секој ден на утро и навечер.
Заштитете ги дланките
Секогаш кога работите во домот, носете гумени заштитни ракавици. Така ќе спречите штетните силни хемикалки да предизвикаат иритација на кожата што доведува до нејзино предвремено стареење.