Авантуристичка, возбудлива приказна на Метју Рајли, за тоа што се крие во големата зоолошка во Кина, е новиот наслов од издавачката куќа на Култура.
„Големата зоолошка градина на Кина“ е филмски трилер на еден од најпродаваните автори на Њујорк Тајмс, кој ќе ви даде можност повторно да се чувствувате како дете. Една возбудлива авантура, за тајна што кинеската влада ја чува четириесет години. Тие го докажале постоењето на змејови во чиешто откритие никој не можеше да верува дека е реално, но нивното научно откровение ќе го зачуди светот.
Рајли е фан на работата Мајкл Криктон, а особено неговата „Паркот Јура“ со што ова дело не доаѓа како изненадување. Рајли ги заменил диносаурусите со змејови, а група американски ВИП новинари ја добиваат шансата да ги видат митските суштества во зоолошката за прв пат, осигурани дека градината е безбедна и дека нема ништо лошо да се случи.
Секако, работите брзо тргнуваат на лошо и посетителите се обидуваат да си ги спасат животите.