Пчели
Пчелите поседуваат исклучителна меморија, која им овозможува да знаат кое цвеќе е најдобро и каде се наоѓа. Покрај тоа, тие се многу добри инженери – создаваат најсложени структури во кои го складираат медот.
Октоподи
Октоподите располагаат со способноста да ги имитираат другите и да комуницираат. Тие учат брзо, имаат навигациони способности и умеат да користат техники на предатор.
Слонови
Овие животни се познати по својата меморија. Но, зачудувачки е тоа што овие животни своите пријатели и непријатели можат да ги паметат дури и педесет години, во зависност од здравјето и должината на животниот век. Освен тоа, слоновите кои се чуваат во заробеништво можат да се покажат како одлични уметници. Нивната коуникација е развиена и подразбира различни гласови, така што слоновите можат да комуницираат и на оддалеченост од осум километри.
Мравки
Мравката претставува најдобар тимски играч, но може и самостојно да ја прикаже својата интелигенција. Мравките се грижат за своето семејство исто како и многу цицачи.
Делфини
Веќе долги години делфините не престануваат да ги зачудуваат истражувачите. Овие морски цицачи паметат комуникација постара од дваесет години. Тие веднаш го препознаваат и својот одраз на огледало, многу се креативни и постојано откриваат нови начини за лов. Имаат развиен однос како со луѓето (некои дури сметаат дека можат да детектираат бременост кај жената), така и со останатите жители на морето, па можат да ги предупредат рибите доколку во нивна близина се наоѓа мрежа, на тој начин што маваат со перките по водата.
Врани
Враните се самосвесни и се во состојба да бројат и користат аналогија, која се користи за решавање на задачи. Тие мудро управуваат со нивото на водата во потрагата по храна.
Гуштери
Гуштерите не добиваат големо признание за својата интелигенција. Според истражувањата, зелената анола може да брои, брзо учи и лесно решава задачи, како и располага со исклучителна меморија. Кога се изолирани, овие гуштери можат да користат техники кои не ги користат во дивината.
Кучиња
Интелигенцијата на најверниот човеков пријател често ја потценуваме. Меѓутоа, просечното куче учи дури и до илјада различни зборови во интеракција со луѓето. Кучињата кои се користат во полиција покажале голема креативнст и интелигенција.
Китови
На крајот на листата се наѓаат китовите кои имаат развиена комуникација. Тие соработуваат како би ја развиле техниката за ловење. Поради нивната навика да се постројат во ред создаваат бранови поради кои фоките се маваат во ледот. Китовите пливаат и под јата на риби, додека прават меури кои им служат како мрежи за лов.