Како што изминува секоја година од 20-тите, така постепено луѓето сфаќаат дека тој период од животот, слично како безгрижните тинејџерски денови , ќе помине многу побрзо отколку што би сакале. Наскоро ќе дојдат 30-тите години од животот – помирната, помудрата декада години која уште важат за млада.
Секоја декада си има своја убавина, во случајов 30-тите се години за помирно животно патување, и уживање во поминување на деновите како покомплетна и посигурна личност. Тогаш ќе ги носите со себе лекциите кои сте ги научиле од сите оние засрамувачки грешки и моменти од 20-тите. А најголемата грешка која може да ја направите во 20-тите години е залудно да ги потрошите. Еве неколку грешки кои треба да ги направите пред да наполните 29 години, (година пред „големата“ 30-ка) и лекциите што ќе научат за понатаму во животот.
1. „Паѓање“ на погрешната личност. Лекција: Секоја личност која била во вашиот живот нешто ве научила за вас, дури и да е тоа на потешкиот начин.
2. Претерано алкохолизирање. Лекција: Подобро е пиењето и „глупирањето“ да излезе од вас во 20-тите, додека сте уште „млади и глупави“ отколку многу подоцна.
3. Доверба во погрешни луѓе. Лекција: Ако никогаш почувствувате предавство од некоја личност, нема да научите да ги препознаете и задржите добрите луѓе кои вредат.
4. Не давање шанса на добрите луѓе. Лекција: Речиси секој има личност која сега му е драга, но порано не било така бидејќи не сте ја познавале – потребни се неколку погрешни први впечатоци за да научите дека не треба да се потпирате на нив.
5. Да ве фатат во лага. Лекција: Доволно е еднаш или двапати да се соочите со последиците од лажење, за да научите дека најдобро е секогаш да ја кажувате вистината.
6. Живеење со погрешна личност. Лекција: Нема никогаш да дознаете каков треба да бидеш вашиот цимер, ако не се „изгорите“ со лошо искуство претходно.
7. Изнајмување на ужасен стан. Лекција: Радоста во животот доаѓа кога по искусување на лоши станови, автомобили , ќе го искусите и научите да го цените она доброто.
8. Лоши „мувања“ за една вечер. Лекција: Вакви постапки се прават во моменти на ранливост и осаменост, но истите ќе ве научат дека не треба да барате љубов и блискост кога сте осамени, туку кога сте подготвени.
9. Јадење многу. Лекција: Можеби ќе се здебелите повеќе од што треба, но тоа ќе ве натера да вежбате почесто и да створите навика за одење на фитнес и грижење за телото понатаму во животот.
10. Прибирање од излегување во раните утрински часови. Лекција: Доаѓање дома во 6 наутро кога соседите тргнуваат на работа е нешто што може да се прогледа кога сте млади, а во 30-тите тешко и дека ќе посакате (и издржите) толку журкање.