Категории

5 најголеми лаги за браковите во кои нема секс

Дали браковите во кои нема секс се осудени на пропаст или брачниот однос без интимности може да биде среќен?

„Луѓето не се влегуваат во врска само заради сексот иако на почетокот е многу битен за повеќето парови, тој всушност не го одржува бракот. Мислам дека моќта на партнерството не е доволно позната во нашето општество. Тоа е она поради што браковите функционираат, а не сексот“, изјавила во една прилика познатата британска актерка Хелен Мирен.

Со неа се сложуваат бројни психолози и психотерапевти кои тврдат дека голем број на парови се наоѓаат во брак без секс. Може ли бракот без интимен однос да опстане? Тоа е прашање кое мачи многумина, а стручњаците имаат јасен одговор. Може.

1. Осудени се на пропаст

Долгогодишен брак полн со страст и редовен секс е само мит. Секако постојат парови кои успеваат да го одржат еднаквиот интензитете со години, но тие се реткост. Обврските и децата најчесто внесуваат потполно друга динамика во интимата на сопружниците.

Веќе немаме многу време за себе, ни се менуваат приоритетите и потребите, а страствената љубов од почетокот на врската и бракот доживува трансформација. За успешен брак пред се, најважно е меѓусебното разбирање и почитување. Бракот може да преживее без секс, но ене без овие ставки.

2. Доколку во бракот нема секс, тоа значи дека исчезнала привлечноста

Стручњаците велат дека недостатокот на привлечност ретко кога е причина за недостатокот на секс во бракот. До тоа многу почесто доведуваат други фактори, како стресот, работните обврски и здравствените проблеми. Партнерот и понатаму може да ви биде привлечен, но не значи дека тоа ќе го поттикне вашето либидо.

3. Кога сексот ќе престане, нема назад

Лага. Врските и браковите имаат многу фази. Често се случува сексот да престане поради потполно оправдани причини како доаѓање на дете, болест или било каков облик на тежок стрес. Доколку парот се потруди да гледа на таа фаза со разбирање, таа криза може да се надмине и повторно да се воспостават интимни односи кога ќе дојде време за тоа.

4. Нема решение за овој проблем

Слабото либидо не е ретка појава. Кога ќе се најдете во ваква ситуација можете да се налутите еден на друг или едноставно можете да се обидете отворено да зборувате за тоа зошто во вашиот брак веќе нема секс. Парот мор да си го постави ова едноставно прашање: Зошто немаме секс?

Постојат многу причини кои можат да бидат одговор на ова прашање, а додека не го најдете вистинскиот „виновник“ не можете да ја решите суштината на проблемот.

5. Во односот без секс се губи и љубовта и поврзаноста

Ова е еден од најголемите митови за бракот без секс. Може да имате брак полн со љубов и нежности и без интимни односи. Можеби веќе не сте спонтани и страствени као на почетокот на врската, не губите глава од секој допир, но тоа не значи дека не се сакате. Блискоста се рзвива на различни начини, а не само преку сексуалниот однос.

Прегледи:
570
Објавено на:
20.03.2018