Иако Instagram е совршена платформа за заедницата за убавина, и во секое време можете да најдете нова инспирација, совети за одреден проблем и туторијал за секаков вид шминка, сепак и постојат фантастични дела кои се истакнуваат со нешто посебно.
Тоа е токму профилот зад кој стои Рајан Кели, девојка која слика одлични уметнички дела на усните инспирирани од кориците на култните рок-албуми. Иако тоа е доста тешко, Рајан успеа да ги интерпретира култните албуми на бендови како Nirvana, Pink Floyd, Joy Division и Rolling Stones.