Пролет е годишното време кое кај голем број на луѓе предизвикува сезонски алергии. Стеблата почнуваат да цветаат, а нивото на полен се зголемува. Иако не постои магичен лек за пролетните алергии, постои начин како можете да ги намалите симптомите.
Еден од подобрите начини за намалување на алергиските симптоми е употребата на лековита билка која го зајакнува имунитетот.
Состојки:
- плод од шипка 20 гр
- цвет од липа 15 гр
- мајчина душица 10 гр
- цвет од камилица 10 гр
- плод од анис 10 гр
- лист од нане 10 гр
- цвет од невен 5 гр
- цвет од црн слез 5 гр
Подготовка:
На 1 литар ладна вода додадете 2 супени лажици чај. Кога ќе почне да врие, по една минута оставете го на страна пет минути да отстои и потоа процедете го.
Подготвениот чај пијте го во текот на денот.