Категории

Авангардата на Њујорк се сели во Скопје

По длабоките талкања во лавиринтите на себеси Крсте Анастас Глигоријадис го приложува своето трагање на низ искршеното огледало на умот кое преку трагањето се спојува во целост и станува рефлекција на неговата уметност.

Низ уметникот струи бранот на деведесетите години на авангардната уметност од светската метропола кој пак денес проникнува низ светот. Бранот на втората ренесанса, на одновото раѓање, чин на ослободување преку земните задоволства, страста, стравот, соочување со смртта и вечниот копнеж кон перфекција. VANITAS е насловот на изложбата со кој уметникот опфаќа еден период од уметноста која што ги означува минливоста на животот, безполезноста на задоволството и неизбежноста на смртта, со контрасни симболи на богатство и симболи на ефемерност и смрт.
VANITY-СУЕТНОСТ Уметничкиот перформанс е инспириран од митологијата, конкретно од Митот за Цар Едип, преку кој уметникот ги поздравува неизбежните рани и траумите што ги доживуваме со неспоредливата моќ на човеково разбирање, односно да стане возможно да го разбереме и интегрираме тоа што ни било направено во минатото наместо бескрајно да го повторуваме. Крсте како носител на бранот ќе го претстави своето патешествие во три чина кои ќе се одвиваат во Фојаето на Македонска Опера и Балет на 02.06.2018. Изложбата ќе се состои од 20 дела проследени со уметнички перформанс преку кој уметникот ќе го заврши последниот чин од својот процес на излекување. Целиот настан е подржан од EVN Македонија, Арт Балет, Bregli Creative, Cryo.mk, Backyard, Kataleja и „Фрагмент комуникации“.
Музички сет: Vedis, електронски експериментален амбиентален изведувач кој на сцената фигурира една година но веќе се препознава по својот специфичен звук кој го претстави низ неколку колаборативни и соло концертни перформанси на неколку автентични локации низ Македонија.