Мислењата се поделени кога се работи за изгледот на ќерката на Амал и Џорџ Клуни.
Некогаш најпосакуваниот ерген во светот, Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал, на 6-ти јуни ќе го прослават првиот роденден на своите близнаци. И додека актерот и адвокатката досега успешно ја кријат свјата приватност, а особено лицата на своите деца од папараците, во јавноста се појавија фотографии од малата Ел.
Имено, во моментот кога Амал го напуштала својот дом во Њујорк, фотографите успеале да направат слика од лицето на малото девојче. Фотографијата набргу се прошири на социјалните мрежи. Фановите на популарниот пар веднаш ја воочиле сличноста на малото девојче со својата мајка.