Категории

Топ 10 најкреативни и најконтроверзни дела на Банкси низ Њујорк

Во текот на октомври, Банкси ги зазеде улиците на Њујорк со неговиот проект „Подобро надвор него внатре“ Better Out Than In, оставајќи свој белег во различни делови на градот, секој ден. 

Повеќето од неговите графити се избришани, а инсталациите се тргнати, но во денешниот дигитален свет неговите дела се уште живеат и се пренесуваат.  Ова се делата кои оставија најсилен белег.

10. 16-ти октомври 

Реплика на Ронад МекДоналд додека момче му ги чисти чевлите. Се појавувал секој ден пред различен Мекдоналдс, во периодот на пауза, во текот на една недела.

9. 1-ви октомври, Менхетен

8. 15-ти октомври, Трајбека

7. 29-ти октомври, 23rd Street

Вандализирал слика од продавница за second hand предмети и потоа повторно ја донирал на продавницата

6. 2-ри октомври, Вестсајд

5. 13-ти октомври, Централ Парк 

Се појавил штанд кој продавал дела на Банкси за 60 долари.

4.  24-ти октомври, Hell’s Kitchen

На вратата на стриптиз клуб се појавил цртеж од човек кој чека со овенато цвеќе.

3. 20-ти октомври, Upper West Side

Момче како удира хидрант, како реплика на игра која ја има на карневали. 

2. 5-ти октомври, низ целиот град 

Од камион за доставување создал подвижна градина, со виножито, водопад и зеленило.

  1. 11-ти октомври, Meatpacking District

Камион од кланица исполнет со плишани животни кружен низ Meatpacking District, а потоа и низ целиот град во период од две недели.